Регион

Словенија забрани продажба на пластични производи за еднократна употреба

20 Aug 2021

Словенечката влада издаде декрет со кој се забранува пуштање во промет на некои пластични производи за еднократна употреба. Пластичниот прибор за јадење и стапчињата за јадење, чинии и памучни стапчиња, освен оние за медицинска употреба ќе се повлечат од продажба.

Забраната важи и за пластични садови за храна и пијалоци, садови изработени од експандиран полистирен и производи изработени од оксо-разградлива пластика.

Уредбата, исто така, пропишува означување на некои производи од пластика за еднократна употреба и нивна амбалажа, а мора да се означат и хигиенските влошки, тампони и апликатори за тампони, влажни марамчиња за лична нега и употреба во домаќинството, производи од тутун со филтер и филтри за правење цигари, објави Владата на Словенија. 

Овие етикети мора да ги информираат потрошувачите за правилно постапување и отстранување на отпадот од таквите производи, за присуството и пропорцијата на пластика во одреден производ и негативното влијание врз животната средина доколку таквите производи се фрлат несоодветно, се вели во регулативата.

Уредбата на ЕУ за намалување на влијанието на пластичните производи врз животната средина е малку задоцнета во словенечките прописи, чиј рок за имплементација во националното законодавство истече на 3 јуни оваа година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...