Во првиот квартал од 2021 година групацијата „Меркатор“ забележа пораст на нормализираниот EBITDA од 7,4%, што во овој период изнесуваше 47,3 милиони евра. Компанијата го заврши првиот квартал во 2021 година со профит од 3,1 милиони евра, што претставува раст од 183,9% во споредба со истиот период минатата година.
Приходите од малопродажба, како основна дејност на групацијата „Меркатор“, се зголемија за дури 8,9% во првиот квартал од 2021 година, во споредба со истиот период во 2019 година.
Успеавме да обновиме речиси 60% од продажната мрежа, инвестираме многу во квалитетот на услугата, цените и персонализираната понуда. Како резултат, нашите удели на пазарот растат. Покрај успешното работење на ниво на EBITDA и нето-добивка, групацијата „Меркатор“ повторно ја намали својата задолженост. Во првиот квартал продолживме со планираните инвестиции, кои ќе продолжат да обезбедуваат успешен развој на групацијата, рече Томислав Шизмиќ, претседател на Управниот одбор на „Меркатор“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.