Регион

„Подравка“ најави инвестиции од речиси 4 милиони евра

07 мај 2021

Како дел од неодамна објавениот инвестициски циклус на групацијата „Подравка“, Управниот одбор на „Подравка“ донесе одлука за инвестирање на речиси 4 милиони евра во технолошка модернизација на производството.

Ова е инвестиција насочена кон набавка на линии за производство и пакување на екструдирани производи во рамките на фабриката за печива „Коктел“ лоцирана во Копривница.

Со оваа инвестиција, „Подравка“ целосно ќе го модернизира овој технолошки и работен процес, што покрај зголемувањето на ефикасноста на процесот на производство, ќе создаде предуслови за производство на постојни и нови производи од сегментот житарици за деца.

Кога станува збор за пазарот на житарици за деца, „Подравка“ со својот бренд Lino зазема водечка позиција на домашниот пазар, додека на пазарите на Словенија и Србија е еден од најетаблираните понудувачи. Со инсталирање на новата производна линија, се подига капацитетот на производствени можности, а со тоа и можностите за понатамошен пораст и развој на споменатиот асортиман на производи.

Модернизацијата на производствените единици на „Подравка“ ќе продолжи и во наредниот период и намерата е компанијата да се донесе на оптимално ниво на развој за да може адекватно да одговори на зголемените побарувања на бројните пазари на кои работи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...