Регион

Игор Вујевиќ е нов директор за набавка во „Сапонија“ и во „Кандит“

09 Mar 2021

Досегашниот директор за продажба во „Кандит“ – Игор Вујевиќ е назначен за директор за набавка во „Сапонија“ и во „Кандит“.

Вујевиќ ја почна кариерата во 2004 година во „Сапонија“, на одделот за маркетинг, по што работи во одделите за извоз и за продажба.

Во овие предизвикувачки времиња, верувам дека досегашното искуство ќе ми помогне да се фокусирам што е можно повеќе на обезбедување најповолни услови за набавка на потребните суровини за „Сапонија“ и за „Кандит“, рече Вујевиќ.

Овие компании, како членови на групацијата „Мепас“, имаат широко портфолио и нивниот оддел за набавка е исклучително важна функција за постигнување на деловните цели.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...