Регион

„Сапониа“ гради логистичко-дистрибутивен центар во Загреб

29 Jan 2021

„Сапониа“ гради логистичко-дистрибутивен центар во Загреб.

Изградбата опфаќа два инвестициски проекти-модернизација на постоечкото складиште и изградба на целосно нов логистички центар во индустриската зона во Загреб. 

Работите треба да завршат во април годинава, по што „Сапониа“ ќе има на располагање 4.500 палетни места за високорегално складирање на производите и современа механизација што ќе овозможи побрз проток на стоката, зголемена точност на испорака и намалување на оперативните трошоци. 

Од загребскиот логистички центар годишно годишно ќе се прават по 40.000 истовари на продажните места на партнерите. Проширен е и возниот парк, во кој се вклучени и ладилници, па „Сапониа“ сега располага со 108 товарни возила.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...