Регион

Донација на „Јамница плус“ за подостапна психолошка помош во заедницата

24 Dec 2020

„Јамница плус“, производителот на водата Jana, го поддржува здружението „Како си?“, чија цел е обезбедување на бесплатна психолошка помош достапна за сите.

На крајот на оваа необична и предизвикувачка година, одлучивме да ги донираме овие средства во здружението „Како си?“ со цел психолошката помош да биде уште подостапна и пошироката заедница да стане свесна за важноста на менталното здравје.

Здружението „Како си?“ е онлајн-платформа за дипломирани студенти по психологија и професори на Филозофскиот факултет во Загреб, која се обидува да го подобри менталното здравје и квалитетот на животот на своите корисници преку креирање на психоедукативна содржина и бесплатно психолошко е-советување. Овие експерти се достапни на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, каде веќе ги следат повеќе од 9000 следбеници.

Една од целите на здружението е важноста од кршење на табуата кога станува збор за менталното здравје, и бидејќи „Јамница плус“ и брендот Јana цврсто веруваат во рамнотежата меѓу здравото тело и духот и поддржуваат холистички пристап кон здравјето, оваа донација докажува постојана грижа за своите клиенти и вработените.

Голем број на луѓе кои чувствуваат вознемиреност, стрес и страв беа поттик за донирање за поддршка на овој важен аспект на здравјето. Јаna, како бренд што сака да ги инспирира и поттикне промените и добрите дела, преку една од нејзините многу пораки истакнува: „Добрината е единствената инвестиција што никогаш не пропаѓа“. Со овој проект докажуваме дека веруваме во неа, рече Дарко Чезарец, директор за маркетинг на „Јамница плус“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...