Регион

Словенечките компании предвидуваат долгорочно работење од дома

03 Nov 2020

Словенечките компании предвидуваат долгорочно зачувување на некои промени воведени како резултат на пандемијата на Ковид-19, покажува најновото истражување спроведено од консултантската компанија „Кирни“ во соработка со „АмЧам“ - Словенија. 

Меѓу анкетираните компании, 96 проценти од нив целосно или делумно се согласуваат дека почестата работа од дома ќе остане на долг рок.

Повеќето од испитаните компании се стремат кон мерки што ја зајакнуваат флексибилноста на работниот процес и дигитализацијата. Меѓу мерките воведени за време на кризата и кои имаа позитивно влијание врз бизнисот најистакнати беа мерките за зголемување на флексибилноста на трудот (64%), дигитализацијата на бизнисот (40%) и внатрешната дебирократизација (32%).

Работата од дома се покажа како позитивна мерка за повеќе од една третина од анкетираните компании. Со оваа мерка, 37% известуваат за зголемена ефикасност на работата, а 54% го зголемуваат задоволството и посветеноста на вработените.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...