Првата транша од 80 милиони евра, од вкупните 160 милиони макрофинансиска помош од Европската Унија (ЕУ), за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот, ќе биде префрлена следната недела, беше посочено на првата официјална средба на министерот за финансии, Фатмир Бесими со амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир.
Како што соопшти Министерството за финансии, дополнително, Унијата во рамки на Договорот за отпорност обезбеди 40 милиони евра, грант средства , кои ќе се наменат за нови бескаматни кредитни линии и грантови за поддршка на мали и средни компании, како и грант за поддршка на невработени лица.
Евроинтеграциите ќе обезбедат можности за повисок раст. Ние сме максимално посветени на зацврстување на оваа стратешка определба. Ова е еден од фундаментите во евроинтегративниот процес, рече министерот Бесими.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.