Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави, најави премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Канал 5.
Апелирам да не се повторат пропустите од претходниот период и работодавачите да ги почитуваат мерките и целта која сакаме да ја постигнеме. Освен тоа го стимулираме и враќањето на отпуштените работници и ако некоја компанија го направи тоа, ќе се стекне со правото да аплицира за оваа мерка, и јас ги повикувам да го направат тоа, рече премиерот Заев.
Тој го образложи механизмот на скалесто одредување на висината на финансиската поддршка за плати во стопанството, во зависност од висината на штетите во работењето од последиците од Ковид-19, како новина во четвртиот пакет мерки кој ќе опфати 83.000 вработени, за 250.000 плати за три месеци, за што се предвидени 70 милиони евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.