Врз основа на договор за дар Кирил Самарџиоски, досегашниот мнозински сопственик и Претседател на одборот на директори на „Прилепска пиварница“ им ги подари акциите на своите деца.
Врз основа на договор за дар извршен е упис во Централниот депозитар за хартии од вредност на нетрговски пренос на хартии од вредност (обични акции) со што акционерите Сашко Самарџиоски и Панде Самарџиоска се стекнаа со по 12.500 обични акции со право на глас, стои во соопштението на Македонска берза.
Сашко Самарџиоски и Панде Самарџиоска сега поседуваат еднаков дел од компанијата. Двајцата имаат по 14.500 акции или по 36, 32 отсто од основната главнина на „Прилепска пиварница“
Сашко Самарџиоски е член на Управен одбор и генерален директор на пиварницата, а неговата сестра Панде Самарџиоска е член на Управен одбор и заменик генерален директор.
Кирил Самарџиоски кој до 29.06.2020 година поседуваше 25.000 обични акции со право на глас, по спроведениот договор за дар повеќе не поседува акции во „Прилепска пиварница“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.