Македонија

Државата исплати 100 од вкупно 500 милиони евра за спас од кризата

29 јун 2020

Од трите сета на антикризни мерки, се исплатени 100 милиони евра кај фирмите и граѓаните, од вкупната вредност на мерките која се проценува на 500 милиони евра, објави министерката за финансии, Нина Ангеловска.

На сметките на компаниите се префрлени 70 милиони евра, додека 30 милиони се пуштени во оптек за граѓаните. 

Кај компаниите, 60 милиони евра се дадени за мерката 14.500 денари поддршка по вработен за 140.000 работни места, додека се исплатени 8,6 милиони евра бескаматни кредити од Развојна банка. За граѓаните, кај банките се префрлени 28 милиони евра за домашната платежна картичка, 65.000 евра за самостојни уметници и 400.000 евра за спортисти.

Би сублимирала досега вкупно од буџетот реализирани се преку трезорот средства кои се легнати за мерките - домашна платежна картичка, исплата на плати, за финансиска поддршка на самостојни уметници, за спортисти и за се друго дека се исплатени 100 милиони евра. Тоа се веќе трансферирани средства. Тука влегуваат околу 30 милиони евра исплатени директно кон граѓаните. Додека 70 милиони евра се легнати на сметките на компаниите, рече Ангеловска.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Отворен нов „Супер Тинекс“ маркет во Тафталиџе

09 јул 2020

„Свисслион“ го презема „Агроплод“ од Ресен

09 јул 2020

Прифатени се 5.000 приговори од средношколци и студенти за платежната картичка

09 јул 2020

Над 130 компании донираа во Солидарниот фонд за борба против Ковид-19

09 јул 2020

ССМ: Сабота и недела да се неработни денови

09 јул 2020

Околу 55.000 работодавачи ја искористија поддршката за исплата на плати

09 јул 2020
Вчитува уште новости...