Македонија

Макпетрол: Одлуката на Владата е во интерес на граѓаните, државата и трговците со нафта

23 Jun 2020

„Макпетрол“ ја поздравува Одлуката на Владата за изедначување на акцизата на екстра лесното гориво со акцизата на дизел горивото.

Како што соопштуваат од компанијата, оваа одлука е од интерес на сите – граѓаните, државата и трговците со нафта и нафтени деривати.

Со изедначување на акцизата ќе запрат злоупотребите што се прават со екстра лесното гориво, со што ќе почне да се користат поквалитетни горива, кои директно ќе влијаат врз намалување на загадувањето на воздухот. Исто така, тоа ќе донесе и поголеми приходи во државниот буџет, што е особено важно во овие моменти на економска нестабилност, предизвикана од пандемијата на Ковид-19, соопштуваат од „Макпетрол“.

Притоа, додаваат дека се надеваат оти пред истекот на важноста на оваа одлука, новиот собраниски состав ќе направи и измени во Законот за акцизи и засекогаш ќе се реши тој проблем.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...