Македонија

„Бимилк“ го одбележа денот на млекото со донација

01 јун 2020

По повод 1 јуни, Светскиот ден на млекото „Битолска млекара“ реализираше значајна донација во производи за задоволување на потребите на децата кои се згрижени во Заводот за рехабилитација на деца и младинци - Скопје.

„Бимилк“ како општествено одговорна компанија отсекогаш во фокусот ги имала децата и нивниот правилен раст и развој. Под мотивот да создадеме подеднакви услови за сите, фокусирани приоритетно на потребите на децата, нивното згрижување и овозможување услови за слободно растење и развивање, го одбележуваме денешниот ден, денот на млекото и сакаме да потсетиме за важноста на млекото, неговите придобивки и да не заборавиме на најважното, дека сите деца заслужуваат исти услови за безгрижно растење, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во Бимилк.

Директорот на Заводот за рехабилитација на деца и младинци - Скопје, Фатмир Ејупи, истакна дека снабдувањето со неопходните производи од „Битолска млекара“ е од големо значење за нив и упати голема благодарност. Тој додаде: Донациите и помошта од општествено одговорните компании, како „Бимилк“, се клучни за непречено функционирање на Заводот, затоа потребна ни е поддршка и се надеваме дека и други компании ќе го следат овој пример.

Веќе традиционално, компанијата „Бимилк“ на хуманитарен начин го одбележува Светскиот ден на млекото со донации за повеќе организации и здруженија, водејќи сметка за доброто здравје на социјално ранливите категории, особено за децата.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...