Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека рокот за поднесување ДДВ-04 е продолжен за пет дена до 30 април.
Во согласност со препораките на Владата за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста Ковид-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи во координација со Министерството за финансии подготви и достави до Владата предлог-уредби, со кои се предвидува продолжување на роковите за поднесување обрасци и плаќање даночни обврски, се наведува во соопштението на УЈП.
Според тоа, крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата за даночниот период 01.01.2020 – 31.03.2020 и 01.03.2020 – 31.03.2020, наместо до 25.04.2020 се продолжува за 5 (пет) дена, односно до 30.04.2020 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.