Поради врнежи од снег утринава од 6:40 часот воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар, соопшти Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Забрана за тешки товарни возила е воведена и на планинскиот превој Стража од 4:20 часот.
Од АМСМ информираат дека денеска од 12 до 15 часот на патниот правец Кичево – Охрид кај селото Врбјани, поради минирање, сообраќајот ќе биде во прекин од 10 до 15 минути.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.