„Прилепска пиварница“ се приклучи кон мерките и активностите во новонастанатата ситуација, но и како поддршка за успешно справување во кризните моменти и предизвиците од Ковид-19.
Како што се наведува во соопштението, во координација со Општина Прилеп и со градските власти, „Прилепска пиварница“ обезбеди средства за набавка на средства за дезинфекција на улиците, како и дезинфекција на сите возила што пристигнуваат во градот. Оваа мерка има за цел да ги подобри хигиенските услови, кои се предуслов за спречувањето на понатамошното ширење на вирусот.
Дополнително, во соработка со Стопанската комора, пиварницата обезбеди и пакети со прехранбени производи и хигиенски средства за помош за најранливите групи граѓани.
Како општествено одговорна компанија, постојано реализираме проекти што придонесуваат за општото добро, се вклучуваме со активности што овозможуваат поддршка и помош, особено сега кога имаме одговорност и можност да помогнеме во намалувањето на ефектот од пандемијата. Исто така, многу е важно да покажеме високо ниво на индивидуална одговорност, за да се справиме што поуспешно со кризата што нè засега сите, на локално и на глобално ниво, изјавија од „Прилепска пиварница“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.