Македонија

Ново работно време во dm дрогериите

27 Mar 2020

Продажните објекти на dm дрогериите за време на викендот во најголем дел ќе бидат отворени до 14.30 часот. Во работните денови од понеделник до петок, продажните објекти на dm, вклучително и во трговските центри во најголем дел се отворени до 19 часот.

Со цел зачувување на јавното здравје, компанијата dm drogerie markt ќе продолжи да работи исполнувајќи ги сите препорачани безбедносни стандарди кои подразбираат зголемено одржување и редовна дезинфекција на сите продажни објекти како и на централата. Покрај тоа во самите продажни објекти е укинато користењето на тестери од производите, како мерка на претпазливост повлечени се сите печатени материјали, поставени се бележници за одржување на растојание на подот, а воедно истакнати се и известувања за препораките и мерките на превенција кои се пропишани, со цел спречување на понатамошно ширење на корона вирусот, соопштија од компанијата.

Вработените во dm дрогериите носат ракавици и заштитни маски, а на сите каси се поставени заштитни прегради како додатна превентивна мерка. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...