Трговскиот синџир „Рептил“ објави дека поради зголемениот обем на работа нуди можност за нови вработувања.
Ние постојано бараме нови работници, но сега, бидејќи знаеме дека голем дел од луѓето седат дома, некои од нив се без работа, некои се и во страв дали ќе земат плата, одлучивме да ги поттикнеме да се пријават кај нас. Сметаме дека оваа ситуација е добитна и за нив, но и за нас кои имаме потреба од вработени. Не сакаме да ги ангажираме само привремено, туку да им понудиме можност, шанса да ја засакаат работата и да останат да работат кај нас, потврди за InStore Јованка Трајкова, комерцијален директор на „Рептил“.
Таа потврди дека има интерес за овој повик и има пријавени.
Точната бројка не се знае, но сè уште е рано да се зборува за тоа. Мислам дека луѓето уште се оптоварени со информациите за вирусот и мислам дека допрва ќе се пројави поголем интерес, додаде Трајкова.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.