Фитосанитарната инспекција на Република Српска во БиХ забранила увоз на еден тон месни производи од Македонија и од Хрватска бидејќи не ги задоволувале пропишаните критериуми за квалитет, објавил Инспекторатот.
Станува збор за три пратки на месни производи со чадено пилешко филе од Македонија и салами од Хрватска. По анализата било утврдено дека содржат помалку протеини отколку што било пропишано.
Анализираните месни продукти не ги задоволувале пропишаните услови и инспекцијата ги забранила, заштитувајќи ги правата на потрошувачите и домашниот пазар. Инспекторатот уште најавил дека ќе ја засили контролата и микробиолошкото испитување на примероци на месни продукти.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.