Македонија

„Витаминка“ доби право на користење на ликовите „Minions“

30 Jul 2019

„Витаминка“ се стекна со право на користење на ликовите „Minions“ за производство на продукти од сопствената производна програма.

Станува збор за бренд што е сопственост на една од водечките светски медиумски компании за развој, производството и маркетинг на забавни содржини, вести и информации за глобалната публика „NBCUniversal“. 

За стекнување со наведените права, односно отпочнување соработка во овој дел, компаниите подлежат на исклучително строга ревизија и контрола на секој аспект од производството и севкупното работење, со цел да се осигураат строгите критериуми кои мора да бидат задоволени. „Витаминка“ доби ревизорски извештај со највисоки оценки што овозможи важност на сертификатот за наредни две години, без задолжителна едногодишна реевалуација.

Како за почеток ќе се произведуваат тематски пакувања по повод празникот “Ноќта на вештерките” на кои ќе бидат претставени омилените анимирани ликови “Minions”. Оваа верзија на Стоби Флипс исклучиво ќе биде наменета за пазарот во Велика Британија, за купувач со стекната лиценца од “NBCUniversal”.

По докажаната сериозност и професионалност на компанијата „Витаминка“, со исполнувањето на строгите критериуми и високите светски стандарди, се постави основа и за понатамошна соработка и отпочнување преговори за дополнително производство на продукти под брендот “Minions“, соопштија од компанијата.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...