Македонија

Наградна игра на Pepsi - секој ден по 40.000 денари, финалето е на 1 јули со 400.000 денари!

29 May 2019

Pepsi означи почеток на нова наградна игра.

Сѐ што треба да се направи е да се купи кое било Pepsi пакување и да оди на страницата www.40.pepsi.com.mk. Таму треба да се впише кодот од фискалната сметка заедно со датумот и часот на купување. Во наградната игра учествуваат сите Pepsi пијалоци. 

Почнувајќи од 1 јуни, ќе има по едно извлекување на 40.000 денари секој ден во месецот. Големото финале е на 1 јули кога со извлекување во живо ќе се додели наградата од 400.000 денари.

Зад 40-ката што се појавува секаде, стојат 40 години од договорот со кој во Македонија пристигна еден од најголемите светски брендови.

Во 1979 година „Прилепска пиварница“ и „Пепсико“ ставија потпис на договорот кој е важечки до ден денеска, правејќи го еден од најдолготрајните активни франшизни договори на американскиот гигант каде било во светот. Во тие години „Прилепска пиварница“ се закити со десетици признанија за квалитет од „Пепсико. Крунисувањето на оваа соработка беше во 2014 година, кога „Пепсико“ одлучи да ѝ ја додели на „Прилепска пиварница“ најголемата награда – Chairman’s Circle of Champions, награда која ја добија само 0,25 отсто „Пепсико“ производители во светот. 

„Прилепска пиварница“ планира повеќе активности во склоп на прославата на 40 годишнината.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...