Македонија

Меѓународна конференција за човечки ресурси на 20 мај во Скопје

03 May 2019

Македонската асоцијација за човечки ресурси организира интернационална конференција за човечки ресурси, која ќе се одржи на 20 мај во хотелот „DoubleTree by Hilton“ во Скопје

Имајќи предвид дека промената е единствената константа во денешното работно опкружување, на овогодишната конференција ќе се обидеме да ви дадеме увид и да ви претставиме разни добри практики кои може да се согледаат како поттикнувачки, но исто така и како пример за вашиот следен чекор и промени во вашата организација - или како менаџер со човечки ресурси, или како извршен директор. Како организациите да бидат поефикасни и успешни во нивната работа преку перспективата на човечките ресурси?, соопштија организаторите. 

Меѓу предавачите се: Пино Меркјури, директор за човечки ресурси на „Мајкрософт“ - Италија, Џорџ Павлидис, академски директор на постдипломски студии за клиничка невропсихологија и когнитивна невропсихологија на универзитетот „Шефилд“, Даниел Канчев, 
менаџер на бизнис операции во Receipt Bank и други предавачи. Целата агенда може да се види тука .

Конференцијата вклучува два дополнителни настани: HR Expo - како можност компаниите да ги презентираат и да ги покажат своите услуги , производи, програми и технологии кои можат да гo поддржат одделот за човечки ресурси и сите негови потреби, и вечерен настан - доделување на наградата HR Mенаџер на годината за 2018 година. 

Ова ќе биде 11-та меѓународна конференција за човечки ресурси во Скопје, а 20 мај е интернационален HR ден. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...