Одбројуваме до FMCG Summit Скопје 2019... Ви ги претставуваме последните тројца говорници. Пријавете се со вашите колеги и присуствувајте на трговскиот настан на годината.
Новинарот Горан Теменугов со економија се занимава речиси 25 години, а во кариерата, освен економски прилози и емисии, има и голем број интервјуа со гувернери на НБРМ, министри од областа на економијата и финансиите. Тој ќе зборува на тема: Економските прогнози за македонскиот пазар – вистина или предизвик?
Со иновации до успех! е насловот на презентацијата на самостојниот консултант Саша Ќириќ од соседна Србија, чиј фокус на интерес е проблематиката на позиционирање на пазарот, како и развојот на нови производи и брендови.
Џемаил Даути е истакнат стопанственик, директор и претседател на „Даути комерц“, кој во бизнисот се труди менаџерските одлуки да ги прави врз основа на детална пазарна анализа и секогаш е подготвен тие резултати да ги сподели. Тој ќе ни ја раскаже 30-годишната приказна на успешни одлуки.
Потсетете се и на другите говорници на FMCG Summit 2019 и се гледаме на 16 мај во хотелот „Александар палас“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.