Македонија

Комисијата за заштита на конкуренцијата поведе прекршочна постапка против четири синџири на маркети

21 Feb 2025

Комисијата за заштита на конкуренцијата соопшти дека во рамките на своите надлежности пропишани во Законот за заштита на конкуренцијата и Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи изврши ненајавен увид во четири трговски синџири и во една од Стопанските комори во која се здружени истите.

Увидот е извршен поради постоење на сомневање дека  неколку  ланци на маркети кои вршат трговија на мало со прехранбени и непрехранбени производи го прекршиле член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата, кој забранува картели односно забранува договори и усогласено однесување на две или повеќе претпријатија, а се со цел нарушување на конкуренцијата. При контролата во службените простории на правните лица, извршен е увид во службената документација и направен е и увид во средствата за електронска комуникација при што се пронајдени докази дека истите донеле незаконита одлука која и јавно ја објавиле преку средствата за јавно информирање. Контролираните субјекти спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата донеле забранета одлука односно се договориле дека ќе делуваат усогласено и нема да набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници за нивните производи, поради што е поведена прекршочна постапка, стои во соопштението на КЗК.

Од КЗК истакнуваат дека интензивно вршат контроли кај повеќе правни субјекти кои имаат свој удел во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи и ќе преземат најригорозни мерки и санкции на секое нарушување на конкуренцијата на пазарот и нема да дозволат никакво изигрување на законите на штета на граѓаните.

Извор: Комисија за заштита на конкуренцијата/Facebook

Фото: Pexels

 

 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...