Македонија

ДЗС: Просечната месечна исплатена нето-плата во октомври изнесувала 42.134 денари

20 Dec 2024

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава, изнесувала 42.134 денари, и во однос на октомври лани е повисока за 8.5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквиот раст се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.5 %), Информации и комуникации (10.7 %) и Образование (10.6 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (7.5 %), Образование (5.0 %) и Градежништво (3.1 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2024 година, изнесувала 63.392 денари.

 

Извор/Фото: Државен завод за статистика 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...