Македонија

Трошоците за живот се повисоки за 4,3% на годишно ниво

10 Dec 2024

Во ноември годинава во споредба со ноември 2023 година, трошоците за животот бележат зголемување од 4,3%, а цените на мало од 4%, соопшти Државниот завод за статистика.

Според статистика, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците за животот во ноември 2024 година во споредба со октомври 2024 година изнесува 1%. Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците за животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци (2,1%), рекреација и култура, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици (1,5%), ресторани и хотели (0,8%), облека и обувки, здравје (0,2%), домување, вода, електрика, гас и други горива (0,1%).

Во ноември 2024 година во споредба со октомври 2024 година, намалување на трошоците за животот е забележано во следните групи: транспорт (0,9%), мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата (0,3%), разновидни стоки и услуги (0,1%).

Трошоците за животот во групите комуникации и образование во ноември остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во ноември во споредба со октомври годинава забележале пораст oд 0,3%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...