Македонија

ДЗС: Пораст на инфлацијата во август

11 Sep 2024

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август во однос на јули годинава изнесува 0,5 проценти, соопштија од  Државниот завод за статистика (ДЗС). Цените на мало во август  во однос на јули годинава се зголемени  за 0,5 проценти. 

Зголемувањето на инфлацијата во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 1,2  проценти, рекреација и култура за 1,1  процент, здравје за 0,8  проценти, ресторани и хотели за 0,7  проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,6  проценти, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата, комуникации за 0,5  проценти, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1  процент.

Во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 2,2  проценти, облека и обувки, разновидни стоки и услуги за 0,3  проценти

Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Извор: Државен завод за статистика

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...