Македонија

Гоце Вангеловски e нов генерален директор на „Кола“

27 Aug 2024

Гоце Вангеловски од први септември ќе биде нов генерален директор на водечката дистрибутерска компанија „Кола“.

Вангеловски е дипломиран економист со 24 годишно работно искуство и 19 годишно работно искуство на високи менаџерски позиции во прехранбената индустрија и во банкарскиот и осигурителниот сектор.  Последниве две и пол години бил  помошник на Управниот oдбор на „НЛБ Банка“ Скопје, одговорен за повеќе сегменти главно поврзани со рабтењето и кредитирањето на компаниите и населението.

Тој ќе го задржи  континуитетот на успешно раководење на „Кола“ која во своето над триесетгодишно работење на пазарот создаде беспрекорен систем на функционирање на сите нивоа во компанијата, следејќи ги и имлементирајќи ги светските трендови  и деловни практики со што се истакнува на врвот во дистрибуцијата.

Доаѓањето на функцијата генерален директор на Кола е голем предизвик и чест за мене. Доаѓам од банкарскиот сектор каде што го водев работењето со правни и физички лица, но имам претходно искуство во и реалниот сектор во FMCG сегментот. Сметам дека моето претходно искуство и аналитички вештини, ќе бидат од големо значење во градењето на стратегиите за раст и развој на групацијата.  „Кола е позиционирана на водечките позиции  во делот на дистрибуцијата и логистиката во FMCG сегментот, а со моето ангажирање на позицијата генерален директор очекувам овие позиции да се зацврстат на долг рок и Кола да се зацврсти како водечка компанија во сегментот. Моменталниот раст и развој на компанијата, моменталните ресурси и знаења со кои располага компанијата, ми даваат високо ниво на сигурност дека Кола има светла иднина, можности за раст и развој. Компанијата е место на кое вработените можат да ја градат својата иднина и кариера. Сѐ што е наведено погоре, заедно со моето искуство, енергија и желба за развој, сметам дека ќе придонесат за понатамошен раст и развој, како и отварање на нови можности во работењето, истакнува Вангеловски.

Тој вели дека на краток рок ќе се фокусира на корпоративното управување, развојот на нови сегменти, дигитализацијата и иновациите.

Високото ниво на корпоративно управување е основа за долгорочен успех. Ќе се залагаме заедно со колегите за одговорност, транспарентност и професионалност во сите аспекти на нашето работење. Секогаш главен фокус ќе ни бидат нашите клиенти и партнерите, со долгорочни односи и релации базирани на доверба и професионално работење. Понатаму, освен што ќе ја јакнеме нашата позиција во веќе традиционалните сегменти на групацијата, ќе работиме на раст и развој на нови сегменти и услуги, кои ќе ни помогнат да ја дивезифицираме нашата понуда и да ги задоволиме потребите на клиентите и пазарот. Сѐ што напоменав претходно, само по себе бара зголемување на дигитализацијата и иновативноста. Вложувањето во нови технологиии, развојот на процесите ќе ја зголемат ефикасноста и конкурентноста. Дополнително овие вложувања ќе продонесат кон развој на нови сегменти и пазари, потенцира Вангеловски.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...