Сојузот на синдикати на Македонија ја објави висината на синдикалната потрошувачка кошничка.
Минималните месечни трошоци на едно семејство во август во споредба со јули се зголемиле за 629 денари, а според пресметките на ССМ, во август вредноста на минималната кошница изнесувала 61.199 денари.
Во периодот од јануари до август, минималната кошница е зголемена за 4.036 денари, а од кога се пресметува по новата методологија, односно од декември лани до август годинава за 4.677 денари.
Податоците од Синдикалната минимална кошница покажуваат дека и без зголемување на платите, трошоците за живот вртоглаво растат, нема оправдување за тоа, а истото никој не се обидува да го спречи, а ги прави граѓаните, работниците и пензионерите уште посиромашни.
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.