Македонија

ДЗС: Инфлацијата во јули изнесува три отсто

08 Aug 2024

Според податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС) трошоците на живот во Македонија пораснале за 0,7 отсто во јули во споредба со јуни.

Зголемувањето на инфлацијата во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: ресторани и хотели за 5.8 %, транспорт за 4.9 %, рекреација и култура за 1.2 %, здравје, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %, соопштуваат од ДЗС.

Во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: облека и обувки за 0.5 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0.2 %, комуникации за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите: мебел, поќукнина и одржување на домаќинствата и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во јули 2024 година во однос на јуни 2024 година изнесува 101.5. Индексот на трошоците на животот во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи зголемување од 3.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.9 %, соопштуваат од ДЗС.

 

Извор: Државен завод за статистика

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...