Македонија

„Дим маркет“ на две нови локации

04 Jul 2024

Со отворањето на маркетите во Кочани и Скопје, „Дим маркет“ продолжува со ширењето на малопродажната мрежа. 

На 14. јуни, компанијата во Кочани го отвори својот 20. „Дим маркет“ од вкупно 39. маркети.

Маркетот се наоѓа на улицата Роза Петрова бр.39. Вкупната површина на продажниот и магацинскиот дел е 572 метри квадратни и во него купувачите на располање ќе им биде асортиман од 2.000 артикли од различни брендови. Во маркетот има три наплатни и каси и во него се вработени девет лица, соопштуваат од компанијата.

        

Претходно, на 22.мај, беше отворен „Дим маркет“ во на улицата Славко Јаневски бр.13 во Скопје – Центар.

Маркетот е со вкупна површина од 280 метри квадратни, на купувачите во него ќе им биде на располагање асортиман од 2.000 артикли од различни брендови. Овој маркет 19. од од брендот „Дим маркети“, а 38.од вкупниот број на маркети. Во него има две наплатни каси и во него има девет вработени лица, соопштуваат од компанијата и најавуваат дека планираат до август да отворат нови маркети во Скопје.

Маркетите на компанијата се пристуни во градовите, Скопје, Куманово, Свети Николе, Берово, и  Кочани.

   

Извор/Фото: „Гранд Зур“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...