Македонија

Реотворена е дрогеријата dm дрогерие маркт во ТЦ „Веро Центар“

03 Jul 2024

Со големи попусти и забавна атмосфера со диџеј, dm на 27 јуни ја отвори својата уште поубава, реновирана дрогерија во ТЦ „Веро Центар“. 

Дрогеријата во ТЦ „Веро Центар“ која се отвори во 2013 година, по единаесетгодишно работење, на средината на месец мај беше затворена заради реновирање.

    

Во новиот модерно опремен продажен простор со површина од 282,48 м2, купувачите може да ги пронајдат производите кои ги посакуваат од богатиот асортиман на dm со повеќе од 14.000 производи, во кој има сѐ на едно место – производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, па сѐ до производи за хигиена во домот и нега на алишта.  Отворањето беше проследено со -15% проценти попуст на апсолутно сѐ. Дополнително, купувачите на денот на отворањето добија подароци: со секоја сметка над 500 ден. – подарок торба за пазарување, со секоја сметка над 700 ден. – подарок Denkmit влажни марамчиња за чистење, со секоја сметка над 1.999 ден. – подарок пешкир за плажа., соопштуваат од компанијата.

       

Својот нов деловен успех, dm како општествено одговорна компанија и овој пат го сподели со заедницата во која делува. Така, на денот на отворањето тие врачија донација во износ од 120.000 денари во ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, Скопје, соопштуваат од dm дрогерие маркт.

Извор/Фото: dm дрогерие маркт

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...