Македонија

„Витаминка“ прва во Македонија се дигитализира со Microsoft – Dynamics 365 Finance and Operation

19 Jun 2024
„Витаминка“ е првата компанија во Македонија која во сите процеси, производство, набавка, магацини, продажба и финансии, го имплементира решението ЕРП од Microsoft – Dynamics 365 Finance and Operation. Со ова „Витаминка“ е на пат кон целосна дигитализација на работата, од влез на суровина до излез на готов производ и нивно складирање.
 
Инвестицијата во најновите технологии е значаен чекор напред и придонесува за подобрување на оперативната ефикасност, модернизација на операциите, унапредување на производниот процес, подобро корисничко искуство и можности за пораст и следење на иновативните светски трендови.
 
„Витаминка“ е компанија каде што воведувањето на иновативни решенија и примената на нови технологии отсекогаш се гледале како инвестиција во пораст и развој. На овој начин, со модернизација и следење на новите технолошки решенија, ги имплементираме најдобрите практики и ја унапредуваме работата во еден синхронизиран и ефикасен систем, докажан и користен од големи интернационални компании во светот, истакна Сашо Наумоски, генерален извршен директор на Витаминка.
 
Дигитализацијата на оперативното работење е жив процес кој постојано се унапредува и менува, а ова решение е платформа на која може да се работи и да се биде во постојан тек со овие промени.
 
Комплексноста на нашата компанија е тоа што истата располага со 9 производствени погони, 18 производни линии лоцирани на 3 физички одделени локации низ земјата, а тоа бараше сеопфатно софтверско решение што ќе доведе до унифицирање на процесите и обезбедување на податоци и анализа на истите, кои се неопходни за понатамошни одлуки и правци во работењето на компанијата. Перспективата од овој систем е веќе видлива и отвора големо поле за работа и иновација на компаниските процеси, вели Васко Наумоски, ИТ менаџер во Витаминка и одговорен за имплементација на Dynamics 365 системот.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...