Македонија

„Лидл“ започна со подготовка за изградба на првиот маркет во Скопје

13 Jun 2024

Трговскиот синџир „Лидл“  купи имот на „Скопски пазар“ АД Скопје во Општина Гази Баба кај локацијата на поранешен „Бриколаж“ за 9.564.485 евра.

За зделката информира „Скопски пазар“ согласно Глава 6 од Правилата за котација на Берзата.

Како предмет на големата зделка е наведена продажба на недвижен имот евидентиран на КП 1306/1 и КП 1306/2 КО Гази Баба и соодветно запишани на имотен лист 8882 КО Гази Баба и имотен лист 1077 КО Гази Баба. Вредноста на зделката е во апсолутен износ од 9.564.485 евра без вклучен ДДВ (или 588.911.166 денари без вклучен ДДВ), а релативен износ  од 19,30 проценти во однос на вредноста на имотот на друштвото, односно 25,04 проценти од вредноста на капиталот и резервите на друштвото определени врз основа на последните финансиски извештаи на друштвото.

„Лидл“ стартуваше со инвестиција во државава на 24 јануари годинава со изградба на логистичко-дистрибутивен центар во индустриската зона „Речица“. Најавената инвестиција за логистичкиот центар е 80 милиони евра и треба да отвори повеќе од 150 работни места.

Извор: Press24.mk



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...