Македонија

Светскиот ден на млекото одбележан во круг на големото семејство на „Бучен Козјак“

04 јун 2024

Реномираната компанија „Бучен Козјак“ ДОО која повеќе од 4 децении е дел од македонската трпеза и е препознатлива со својот квалитет и традиционален начин на производство, го послави Светскиот ден на млекото – 1. јуни.

Бидејќи главниот успех на компанијата е резултат на посветеноста, лојалноста и вредните раце на вработените кои заедно го сочинуваат големото семејство на „Бучен Козјак“, оваа година настанот беше организиран и посветен токму за нив и нивните семејства, ставајќи акцент на најмалите преку забава и анимација.

                           

Оваа година сакавме Светскиот ден на млекото да го прославиме ставајќи акцент на традиционалните вредности - пред се на семејството бидејќи сите вработени заедно, сплотени го креираат големото семејство на „Бучен Козјак“. На настанот се поканети сите вработени со нивното семејство кои имаат можност да се забавуваат на многу начини. Има голем број на активности вклучувајќи креативна ликовна работилница, замок, игри со најпознатите Дизни ликови, аниматори, како и пукање со Гел-Бластер пушки во поставена мета. Нашата препознатлива кравичка, се разбира, дополнително ги развесели присутните – објасни Тамара Димитриевски, вработена во „Бучен Козјак.“

Како општествено одговорна компанија, „Бучен Козјак“ постојано поддржува проекти за едукација и негување на вистинските вредности кај најмалите, а со тоа дополнително придонесува во нивното градење во вистинска личност.

                       

Компанијата Бучен „Козјак“ е основана 1983 година, а низ својот развој чекори со јасна визија: „Да се откупува само квалитетно млеко и да се произведуваат природни млечни производи“. Природниот вкус на производите е тоа што ја прави млекарницата препознатлива на пазарот. Нивното долгогодишно постоење зборува за дисциплинираноста во работењето, а сето тоа е препознаено од страна на потрошувачите и е наградено со нивната доверба. Големо успех на млекарницата е тоа што  нивните производи се препорачани од Здружението на педијатри на Македонија.

 

Извор/Фото: „Бучен Козјак“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...