Од 17. до 19. мај во „Дајмонд мол“ ќе се одржи фестивал на македонски домашни производи под мотото „Вкус и традиција“.
Изложувачи на фестивалот ќе бидат 15 домашни производители на традиционални прехранбени производи и пијалаци.
Организаторите соопштуваат дека посетителите ќе можат да вкусат и да набават домашен путер и масло од лешник, производи од тартуфи, комбуха, афион, бобинки и бадем, домашно зреено месо и сувомеснати производи, сирење, зимница и мед, како и ракија, вино и пиво произведени во мали семејни дестилерии, винарници и пиварници.
Извор/Фото: „Дајмонд мол“/Facebook
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.