Македонија

Сопственикот на „Адут ГВН“ ја освои првата награда на Меѓународната научна конфереција во Копаоник

08 Feb 2024

Од 2. до 4. февруари. во Копаник, Република Србија, се одржа 11.„Меѓународна научна агробизнис конференција – Мак 2024“, на која централна тема беше „Храна за иднината – Визија Србија, региони Југоисточна Европа“.

Годинава на конференцијата од Македонија учествувале, здружението „Живот“ од Куманово, „Кенди“ од Скопје, „Адут ГВН“ од Куманово, „Органика Нова“ од Скопје, „Мошамел“ од Куманово, „Капија Фудс“ од Прилеп, „Амор Вел“ од Куманово, Технолошкиот факултет – Битола и Комората на органски произведувачи – Македонија.

На конференцијата традиционално биле доделени седум награди – „Повелба на долината на кралевите, вековите и јоргованите“ и  прв пат годинава е доделена првата награда на претставник од Македонија.

Наградата ја доби Драган Цвековиќ, сопственик на компанијата „Адут ГВН“ од Куманово, која покрај производството и трговијата, позната е и како успешен организатор на меѓународниот саем за земјоделство, технологија, храна и преработка, „АгроМак“. Тој е и  основач на здружение „Живот,“ кое е организатор на многу успешни меѓународни манифестации, од кои најпозната е саем на органски и традиционални производи „Органска Трпеза“ и претседател на Комората на oргански производители на Македонија.

Господинот Драган Цвековиќ со своајта работа и ангажман, значајно придонесе за воспоставување и зајанкување на врските помеѓу економскиот сектор и научната заедница, што позитивно влијае на секотрите од агробизнисот, се вели во соопштението од организаторите на конференцијата.

 Конференцијата е во организација на Научно деловниот центар „Ворлд“ од Краљево, во соработка со Институтот за заштита на билките и животната средина од Белград и Центарот за истражување, наука, едукација и посредување „Цинеп“ од Белград.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...