Македонија

„Рептил“ го отвори 20. маркет во Скопје

05 Dec 2023

Трговскиот синџир „Рептил“ на 2 декември го отвори 20. маркет во Скопје, кој се наоѓа во населбата Аеродром, на булеварот Јане Сандански, бр. 92/3-1.

Освен во главниот град, „Рептил“ има уште четири маркети во Виница.

Од малопродажната компанија информираат дека новиот маркет е мал, локален, и се простира на површина од 70 квадратни метри. Располага со една наплатна каса, а за услугата се грижи тим од четворица вработени. Асортимански се застапени сите категории, но со помал број на производи. Во понудата се вклучени кондиторски и основни производи, пијалаци, пакувани деликатеси, овошје и зеленчук, средства за чистење и хигиена и сл.

На сите потрошувачи и соработници „Рептил“ им посакува поуспешна и постабилна 2024 година. Имаме планови за отворање нови маркети, а наскоро ќе бидете известени и за следниот маркет, изјавија за InStore од компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...