Во месец декември, „Жито Лукс“ ќе ги претстави своите нови интегрални лебови произведени од 100% цело зрно.
Овие лебови претставуваат вистинско богатство од хранливи материи, витамини, минерали, диететски влакна и здрави јагленохидрати неопходни за добар метаболизам и топ форма. Мекоста и богатиот вкус ги прават одличен придружник на секој оброк. Им се препорачуваат на луѓето со активен животен стил, спортисти и адолесценти како дополнителен извор на енергија, а поради нискиот процент на масти помагаат во одржување на витката линија. Интегралниот леб со ‘ржано брашно, додадени пченични никулци и посип од овесни снегулки влијае позитивно на метаболизмот и е вистински избор за здрава и урамнотежена исхрана. Додека лебот со семиња со додадени никулци и посип од пченични снегулки претставуваат природен извор на витамин Е, Омега-3 масни киселини и протеини кои даваат енергија, чувство на ситост и се одлични сојузници на силниот имунитет, соопштуваат од „Жито Лукс“.
Фото/Извор: „Жито Лукс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.