Како дел од групацијата „Едека“, една од водечките компании на германскиот пазар „Нето маркен дискаунт“ нуди искуство за купување под мотото „Вредност за избор“, без компромиси по однос на прашањето за избор на брендови. Благодарејќи на регионалната структурираната организација на набавки во „Едека“, „Нето“ нуди широк асортиман на производи од локално потекло, посебно во категориите на свежа храна.
Автор: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар
Во сегментот на пекарски производи, „Нето“ нуди до 65 производи приготвени од замрзнато тесто, слично на другите дисконти. Сепак, за разлика од „Алди“ и „Лидл“, кои набавуваат централно или произведуваат сами, „Нето“, според информациите на компанијата, работи со околу 500 регионални пекари низ Германија.
Дисконтерот го нагласува својот асортиман на регионално овошје и зеленчук под приватниот бренд „Heimat“ („Татковина“). QR кодовите на пакувањата даваат информации за потеклото на производот. Во споредба со конкурентите „Лидл“ и „Алди“, „Нето“ не само што нуди повеќе брендови на производители, туку се фокусира на поразновидно портфолио на органски и здрави производи. Под приватната етикета BioBio, „Нето“ нуди околу 400 органски производи. Од минатото лето, трговецот на мало почна да нуди и избрани производи со построга „Натурленд“ сертификација.
„Нето маркен“ има најголем избор на пијалоци меѓу германските дисконти. Како единствен дисконт во Германија, „Нето“ веќе постигнува стапка на повторна употреба од 50% за пакување на пијалоци, што е значително над целта од 40% поставена од ЕУ за 2040 година.
„Нето“ на почетокот на годината ја отвори најголемата продавница „Пик & Го“ без каси во Европа, со асортиман од 5.000 производи на 800 квадратни метри.
„Нето маркен дискаунт“ оствари нето-продажба од 17,1 милијарди евра во 2023 година, што претставува раст од 8,5% во однос на претходната година, од кои 7,5% се остварени на основа слично. Според компанијата, на крајот на 2023 година „Нето“ имал речиси 4.350 продавници во Германија, вклучувајќи околу 70 специјализирани продавници за алкохол.
На влезот во продавницата, „Нето“ го става својот асортиман на овошје и зеленчук. Дисконтерот го нагласува регионалното потекло преку приватната трговска марка Heimat и фокусот на органските производи BioBio, од кои некои се сертифицирани од „Натурланд“.
Пекарницата нуди до 65 производи кои се печат во продавницата. Тестото доаѓа од повеќе од 500 регионални пекари низ земјата. Исто така, „Нето“ го истакнува органскиот асортиман во оваа категорија.
Поголемиот простор за продажба обезбедува дополнителен простор за брендирани производи, регионални артикли и поширок асортиман на свежа храна, што поддржува диференцијација во сегментот на попусти.
Дисконтерот „Едека“ воведе електронски ценовници за целиот асортиман. Дополнителните етикети на полиците означуваат посебни колекции, како што се органските производи BioBio.
Специјални сирења се изложени на посебни полици. Ценовните ознаки и знаменцата на пакувањето ја означуваат земјата на потекло на секој производ.
Специјални сирења се изложени на посебни полици. Ценовните ознаки и знамињата на пакувањето ја означуваат земјата на потекло на секој производ.
За да се разликува од другите дисконтери „Нето“ прикажува вегански производи на полиците, истакнувајќи го регионалното потекло (овде од Долна Саксонија) и V-ознаката за сертификација.
Во центарот на продавницата, „Нето“ прикажува неделни промоции под слоганот „Акшн“.
„Нето“ нуди повеќе од 5.000 производи во својата вкупна палета, што е значително повеќе од „Лидл“ и „Алди“, кои нудат до 3.000 производи.
Категориите за здравје и козметика се означени со дополнителни знаменца за полесна навигација. Како новитет во асортиманот е додадена и природна козметика.
Областа за непрехранбени производи зазема помалку простор во продавницата во споредба со „Лидл“ и „Алди“. Спротивно на тоа, онлајн продавницата нуди повеќе од 100.000 артикли.
„Нето“ има најголем избор на пијалоци, од кои многу се достапни во гајби и повратни пакувања.
Алкохолните производи се изложени на посебни полици во близина на касата, додека предметите чувствителни на кражба и тутунските производи се ставаат во заклучени кабинети.
Продавниците на „Нето маркен дискаунт“ имаат барем една хибрдна каса која може да служи и како самоуслужна.
Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот. Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.