Трговскиот синџир „Жито“ отвори нова продавница во Свети Николе. Маркетот, кој беше отворен на 27 септември, е лоциран на улицата Филип II, бр. 150.
Овој малопродажен објект е 71. маркет во трговската мрежа на „Жито“ во земјава.
Од денес светиниколци имаат поголема можност секојдневно да пазаруваат поблиску до нивниот дом. Асортиманот во нашиот нов маркет е исклучително разновиден, со најразлични категории производи по најповолни цени, вклучително и нашиот приватен бренд 5ка, соопштија од менаџментот на „Жито“ на денот на отворањето.
Новата продавница располага со простор за свежо овошје и зеленчук, а има три наплатни каси и дванаесет вработени.
Работното време е од понеделник до сабота, од 7:30 до 21:30 часот, а недела е неработен ден.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.