Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, изнесува 114.1. Односно, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2023 година, изнесуваше 36 286 денари.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19.5 %), Образование (17.2 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16.8 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7.9 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (5.3 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4.6 %).
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.