Македонија

Почна новата наградна игра на Grand

11 Sep 2023

Grand кафе почна со новата наградна игра „Стани Гранд милионер 2023“, која трае од 6 септември до 5 декември 2023 година.

Со купување на кафињата Gold, Aroma или Strong од 200 грама, потрошувачите ќе најдат код на пакувањето што ќе треба да го внесат преку неколку различни канали: официјалната веб-страница на Grand, СМС-порака на 149 491 или на вајбер-каналот на Grand.

Тројца среќни добитници ќе имаат можност да ги добијат главните награди од по еден милион денари. Секоја недела ќе има извлекување за сите учесници што ќе имаат шанса да освојат ваучери за патувања, а секој ден пак ќе има дневни награди со ексклузивни пакети на Grand кафе.

Извлекувањето на главните добитници ќе се одвива во живо на 6 октомври, 6 ноември и 6 декември во 13 часот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...