Македонија

КАМ го отвори јубилејниот 80 маркет

07 Jul 2023

Трговскиот синџир КАМ го отвори јубилејниот, 80 по ред маркет.

Истиот е лоциран во Виница и има вкупна површина од 703 квадратни метри. Од нив, 503 квадратни метри се модерен и современ продажен простор. Маркетот почна со работа завчера, во средата. 

На потрошувачите им се овозможува пространо, прегледно и функционално секојдневно пазарење. Во новиот КАМ маркет отсега потрошувачите ќе можат да пронајдат голем избор на прехранбени и непрехрабени производи од широкиот асортиман на КАМ, објави трговецот по повод отворањето. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...