Македонија

Нов маркет на „Стокомак“

03 Jul 2023

Дисконтот „Стокомак“ отвори нов маркет во Скопје, на адреса ул. 1 бр.3Б Новоселски пат.

Маркетот се протега на површина од 550 квадратни метри и има сопствен паркинг за потребите на купувачите.

Огромна благодарност до сите наши вработени кои се дел од оваа макотрпна и успешна приказна, особено до оние кои се од самите почетоци инволвирани во истата. Ве покануваме и Вас да бидете дел од овој наш заеднички успех, кој ни дава сила и енергија да продолжиме заедно да чекориме на патот на поставување и подобрување на стандардите во малопродажбата на храна и воедно да ја прошириме нашата пазарна позиција! Ќе ни претставува чест овој наш нов маркет во Новоселски пат да биде вашето ново омилено место за пазарување, соопштија од „Стокомак“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...