Македонија

Ladna ги прогласи победниците на Детскиот ликовен конкурс

30 Jun 2023

На годинешниот Детски ликовен конкурс, на тема „Играта на овошјето и на зеленчукот“, Ladna ги прогласи победниците и обезбеди вредни награди за најдобрите млади уметници.

Натпреварот беше поделен во две категории – деца на возраст од 4 до 7 години и деца на возраст од 7 до 10 години. Како што соопштуваат од компанијата „Магрони“, темата ја разбудила инспирацијата кај младите уметници, така што тие испратиле огромен број дела на кои се нацртани нивните омилени растенија во симпатични, разиграни сценарија.

Тричленото стручно жири, составено од двајца графички дизајнери и еден универзитетски професор, за победнички ги избра цртежите на:

Како победнички цртежи во двете категории, , ги одбра цртежите на:

Категорија од 4 до 7 години:

1. место – Таиса Николовски (4 години, Скопје)

2. место – Аника Тошевска (5 години, Скопје)

3. место – Ана Цветковска (5 години, Битола)

Категорија од 7 до 10 години:

1. место – Марија Јанковска (8 години, Скопје)

2. место – Андреа Рибарски (8 години, Скопје)

3. место – Касијана Милошеска (9 години, Битола)

Прва награда во двете категории е патување на детето со родителите/старателите во Дизниленд, Париз. Втората награда е годишен курс за цртање, додека третата е таблет за цртање

Линк до целата галерија од пријавените и наградените цртежи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...