Македонија

Од 1 јули се одмрзнуваат маржите

30 Jun 2023

Од 1 јули престанува мерката за замрзнати маржи на основните прехранбени производи - лебот, шеќерот, јајцата и млечните производи.

Тогаш завршува нивното ограничување на 5 отсто во трговијата на мало и на големо и тоа за белиот леб (сечен на парчиња или цел), шеќерот и зејтинот. По два дена, ќе може да се вратат и старите маржи на брашното од тип 400 и 500, макароните и шпагетите, македонскиот бел ориз, трајното кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, јајцата, урдата, кравјото бело сирење, кашкавалот, киселото млеко, павлаката и јогуртот, кои од април до крајот на јуни беа ограничени на 10 отсто во трговијата на големо и на мало. 

Од Министерството за економија потврдуваат дека престанува да важи оваа одлука.

Месецот што претстои ќе покаже какви ќе бидат цените на прехранбените производи во продавниците и дали се очекуваат нови поскапувања.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...