На едно четиричлено семејство во земјава во мај годинава му биле неопходни 49.025 денари за да ја задоволи минималната синдикална кошница.
Од нив, како што велат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), 19.532 денари или 44,34 отсто биле потребни за храна и пијалаци, 13.392 денари односно 30,41 отсто отсто за домување, 3.196 денари за хигиена, 3.720 за превоз, 2.315 за облека и обувки, 1.067 за култура и 821 денар за одржување на здравје, или вкупно 44.047 денари.
Кога на нив ќе се додадат 4.977,37 денари или 11,3 отсто за трошоците на животот, односно инфлацијата, се доаѓа до 49.024 денари, соопштија од ССМ.
Од таму нагласуваат дека просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34.925 денари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.