„Саем за транспорт 2023“ ќе се одржи од 7 до 9 јуни на отворено, во комплексот „Борис Трајковски“ во Скопје, каде ќе се претстават повеќе од 40 познати и реномирани брендови од земјата, регионот и пошироко.
Се најавуваат ексклузивни саемски понуди од познати импортери на товарни возила, приклучни возила, како и голем број на брендови со палета на комерцијални возила, автобуси, градежна механизација, транспортни и логистички компании, пратечка индустрија и услуги. Во групата на брендови-учесници се вбројуваат МакАутоСтар со Mercedes-Benz и Fuso, Schmitz Cargobull, Volvo, Cargomax IVECO, АутоМакедонија Групација (Isuzu, Piaggio Commercial, SsangYong), Krone, ManiService, Carrier, Sa-Tra, Termo Sistems Pegi, Thermo King, Euro Bus, Motocentar, Dauti-Transport-Shped, Diginet, Фас-Вас Авто Центар, Petronas, LTL Balkan, Велком Трејд Сервис, Виадукт Трејд, Стиринг трејд, Matrix, DB Schenker, Cargo-Partner, Uni Parts, Sunward, Takeuchi, Everun, ITR USCO, T&T parts, Мега техника, ТТG, Frotcom, Еуроват Про, Бе-Да логистик, Mајанца шпед, Sparkasse Leasing, Macedonia From Above и други.
Во рамките на тридневниот саем, ќе се одржат и многубројни промоции на врвни брендови во индустријата.
„Саем за транспорт 2023“ ќе биде отворен за сите заинтересирани посетители и деловна публика, секој ден од 10 до 18 часот.
Саемот за транспорт е дел од трилогијата „Саеми во пролет“ во организација на „Скопски саем“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.