Македонија

„Дим маркет“ на три нови локации

08 May 2023

Kомпанијата „Гранд пром Зур“ отвори три нови објекти „Дим маркет“ – во Берово, Скопје и во Свети Николе.

Последниот во низата хард - дисконти на новите локации беше отворен на 27 април во Берово. Ова е првиот  „Дим маркет“ во овој град и прв во Малешевијата. Се наоѓа на улицата „Маршал Тито“, бр. 1, односно во центарот на градот, на местото на поранешниот „Пакет маркет“.

Жителите на скопски Карпош 4 од 12 април имаат можност да пазаруваат во новоотворениот хард-дисконт. Овој „Дим маркет“ е лоциран на улицата „Трифун Бузев“, бр. 14.

Новиот продажен објект во Свети Николе (на фотографијата), на адреса „Карпошова“, бр. 1, е отворен од 1 април.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...